• сабота, 23 ноември 2024

Се гради минор-коритото на Крива Река

Се гради минор-коритото на Крива Река
Крива Паланка, 7 декември 2020 (МИА) – Во Крива Паланка во тек е изградбата на минор-коритото на Крива Река во должина од околу еден километар. Се гради на потегот од централниот градски плоштад кон населбата Бегови Бавчи.

-Во тек е реализација на уште еден капитален инфраструктурен проект на територијата на општината, „Регулација на дел од минор коритото на Крива Река –дел 1“. Должината на трасата изнесува 926 метри, се гради на потегот од големиот мост до населба Бегови Бавчи. Вредноста на инвестицијата според  договорот со изведувачот е околу 19 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Министерство за финансии и Светска банка, информира службата за комуникација со јавност при Општина Крива Паланка.

Викендов увид на работите на терен извршиле претставници од општината, стручни лица од Министерството за финансии, надзорниот орган и изведувачите.

Од општината посочија дека  работите на терен се одвиваат согласно проектната документација и  утврдениот динамички план, а се очекува работите да бидат завршени и пред крајниот рок сметано од воведување во градба.ид/бт/

Остани поврзан