• недела, 22 декември 2024

Се влошува епидемиолошката состојба во Албанија, циркулира и грип и Ковид-19

Се влошува епидемиолошката состојба во Албанија, циркулира и грип и Ковид-19

Тирана, 6 јануари 2024 (МИА) - Од крајот на декември и првите денови на јануари епидемиолошката состојба почна да се влошува низ целата територија на државата, потврди албанскиот Институт за јавно здравје.

-Повеќе од 11.000 случаи на респираторни инфекции се пријавуваат неделно, но бројот на заразени е уште поголем, бидејќи многу луѓе не се јавуваат на лекар а дел се третираат со терапија дадена за член на семејството. Она што се забележува е зголемување на бројот на заразени со Ковид. Кога станува збор за вирусот на грип преовладува, главно варијанта А, но во меѓувреме има зголемување на случаите со Ковид-19, изјави директорка на Институтот, Еугена Томини, за Топ чанел.

Според неа во инфективната клиника, болнички се третираат пет пациенти заразени со Ковид.

-Со намалувањето на температурите што се очекува да нè придружуваат следната недела, кривата на инфекции се очекува да продолжи да расте, како случаите на Ковид, така и на грип. Пикот на заразата го очекуваме од крајот на јануари и во првите две недели од февруари, вели Томини.

Од грипот, додава таа, најпогодени се најмалите и посочува дека само во детската клиника во Тирана дневно во просек има по 300 прегледи. вт/мс/

Фото: Томини ФБ/ Топ чанел

Остани поврзан