• вторник, 11 февруари 2025

Сеул соопшти дека Северна Кореја и обезбедила на Русија 200 парчиња артилериски проектили со голем дострел

Сеул соопшти дека Северна Кореја и обезбедила на Русија 200 парчиња артилериски проектили со голем дострел

Пјонгјанг, 11 февруари 2025 (МИА) - Северна Кореја и обезбеди на Русија 200 парчиња артилериски проектили со голем дострел, изјави официјален претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана.

Пјонгјанг и дал на Москва „околу 11.000 војници, проектили, 200 парчиња артилериски проектили со голем дострел и значителна количина муниција“, рече официјалниот претставник во изјава за француски медиуми.

Тој додаде дека тие можат „дополнително да снабдуваат со војници, оружје и муниција“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан