Американскиот министер за финансии Бесент ќе ја посети Украина
- Американскиот министер Скот Бесент во текот на неделата ќе ја посети Украина, најави претседателот на САД, Доналд Трамп на социјалната мрежа „Трут“ (Truth)

Вашингтон, 11 февруари 2025 (МИА) – Американскиот министер за финансии Скот Бесент во текот на неделата ќе ја посети Украина, најави претседателот на САД, Доналд Трамп на социјалната мрежа „Трут“ (Truth).
- Го испраќам секретарот за финансии Скот Бесент во Украина за да се сретне со претседателот Зеленски. Оваа војна МОРА и ЌЕ заврши наскоро – има премногу смрт и уништување. САД потрошија МИЛИЈАРДИ долари низ светот со минимални резултати. КОГА АМЕРИКА Е СИЛНА, СВЕТОТ Е ВО МИР, напиша Трамп.
Бесент во Украина ќе разговара за можен американски пристап до украинските ресурси на ретки метали, изјави неименуван извор од администрацијата на Трамп. ми/
фото: ЕПА