• вторник, 26 ноември 2024

Сер Ретклиф влезе во директни преговори со Њукасл за Ешворт

Сер Ретклиф влезе во директни преговори со Њукасл за Ешворт

Манчестер, 12 април 2024 (МИА) - Сер Џим Ретклиф, еден од главните акционери во англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед, преговарал лично со косопственичката на Њукасл - Аманда Стејвли за можното привлекување на спортскиот директор Ден Ешворт, пренесe „Тајмс“.

Двата клуба се уште не можат да постигнат договор за директорот на „страчките“, кои бараат отштета од 15 милиони фунти. „Црвените ѓаволи“ не се подготвени да се разделат со толкава сума, а ова беше тема на разговор меѓу Ретклиф и Стејвли.

Средбата се одржала изминатава недела. Според информациите на медиумот, се уште нема конечна одлука, но други работи даваат индикација дека преговорите се одвиваат добро за „црвените ѓаволи“. Тие веќе го известиле Џон Муртау дека ќе биде ослободен по завршувањето на сезоната, оставајќи го празно местото на спортски директор.

Ретклиф претходно го изрази своето воодушевување од работата на Ешворт и ја опиша одлуката на Њукасл да го испрати на 18-месечен одмор како „глупава“.

-Дан Ешворт е еден од најдобрите спортски директори во светот. Тој е многу способен човек и е заинтересиран за позиција во Манчестер Јунајтед бидејќи најголемиот клуб во светот го нуди и најголемиот предизвик. Со нас е друго ниво и тој ќе биде одлично засилување. Тој сам треба да одлучи дали е подготвен за тој скок. Разговаравме со Њукасл и тие не сакаат да го загубат Дан, но апсурдно е да се испрати дечко со неговите вештини на принуден одмор година и пол. Тоа е глупаво, изјави тој за Атлетик.дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан