• петок, 08 ноември 2024

Серија предавања против сајбер булинг низ училиштата во Кисела Вода

Серија предавања против сајбер булинг низ училиштата во Кисела Вода
Скопје, 1 март 2022 (МИА) - Почна серијалот предавања во општинските училишта во Кисела Вода, посветени на препознавање и заштита од сајбер насилство. Вчера инспектори од СВР Скопјеод ПСОН Кисела Вода и претставници на Црвениот крст одржаа работилница во ООУ „Кузман Јосифовски Питу.  

-Дали ме малтретираат онлајн? Како можам да ја препознам разликата помеѓу шега и силеџиство на социјалните мрежи? Кои се ефектите од сајбер-силеџиство? Со кого треба да разговарам доколку некој ме малтретира онлајн и зошто е важно да пријавам? Ова беа само дел од прашањата за кои основците дебатираа со стручните лица, кои им дадоа насоки што ќе им помогнат да разберат што е сајбернасилство, какви форми има, како да се справат со него и како да го спречат, соопшти општинската прес-служба.

  Учениците, како што посочуваат од Општината, беа информирани и дека е отворена телефонска линија и електронска адреса на која сајбербулингот може да се пријави. Секој кој смета дека се соочува со сајбер насилство може да се јави на 071 30 30 11 или на mladi.kiselavoda@redcross.org.mk.     Според градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, насилството во виртуелниот простор многу често и многу лесно може да се пренесе во реалноста и децата можат да бидат и физички загрозени. -Токму затоа, Општина Кисела Вода, полицијата и Црвениот Крст, го отпочнаа овој проект за превенција преку едукација. Заедно со учениците, наставниците и родителите сакаме да ја кренеме свеста за сето она што може да се случи преку сајбер булинг. Серијалот предавања ќе продолжи и во наредниот период низ сите општински училишта на оваа територија, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.бт/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан