• четврток, 05 септември 2024

Семејствата на киднапираните Американци бараат од Бајден да се договори со Хамас

Семејствата на киднапираните Американци бараат од Бајден да се договори со Хамас

Вашингтон, 5 септември 2024 (МИА) – Семејствата на Американците, кои се заложници на Хамас од 7 октомври во Појасот Газа, ќе испратат петиција до администрацијата на претседателот Џо Бајден да се договори со палестинската група за ослободување на нивните најблиски.

Договорот нема да ги вклучи Израелците, кои се обидуваат да ги ослободат киднапираните израелски граѓани.

Се претпоставува дека 97 од 251 заложник земен од Хамас се уште се во Појасот Газа, меѓу кои и седум американски државјани. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан