• среда, 25 декември 2024

Селф тестовите во Грција во комбинација со вакцинацијата и тестирањата ја подобриле епидемиолошката слика

Селф тестовите во Грција во комбинација со вакцинацијата и тестирањата ја подобриле епидемиолошката слика
Атина, 8 јуни 2021 (МИА) – Намалување на бројот на нови случаи, на хоспитализирани пациенти, како и намалување на индексот на позитивност, било регистрирано во Грција со воведувањето на задолжителните селф тестови за домашна употреба, во комбинација со вакцинацијата и тестирањата од Националната организација за јавно здравје, соопшти заменик министерот под премиерот надлежен за координација на работата на грчката Влада, Акис Скерцос, јави дописничката на МИА од Атина. Скероцос, преку Фејсбук соопшти дека на 19 јуни завршува програмата за бесплатно подигање на тестовите од аптеките и додава дека сепак „политиката на бесплатна дистрибуција на селф тестови“ ќе продолжи и во текот на летото, а во следните денови ќе се прецизира начинот како ќе се дистрибуираат до граѓаните. -Од 12 април кога стапи во сила оваа политика за јавното здравје, со истовремена помош на вакцинацијата и насоченото тестирање од Националната организација за јавно здравје, забележан е пад на следниве индикатори:  -73 отсто нови случаи на Ковид-19, -65 проценти хоспитализирани поради Ковид-19, 0,73 отсто сооднос на приеми и отпуштања од болница за пациенти со Ковид-19, намалување за 53 проценти на индексот на позитивност, соопшти Скерцос. Селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба, во Грција се бесплатни и задолжителни еднаш или два пат седмично за одредени категории вработени во приватниот и јавниот сектор, како и за учениците. ср/зш/

Остани поврзан