Нуфи: Албанија е безбедна и не е заплашена од закани, секогаш дејствува во целосна координација со сојузниците на НАТО
- Министерот за одбрана, Ермал Нуфи, изјави дека Албанија е безбедна и не е заплашена од закани, вклучувајќи ги и неодамнешните изјави на српскиот претседател Александар Вучиќ, нагласувајќи дека Албанија секогаш дејствува во целосна координација со сојузниците на НАТО.
Тирана, 21 март 2026 (МИА) - Министерот за одбрана на Албанија, Ермал Нуфи, изјави дека државата е безбедна и не е заплашена од закани, вклучувајќи ги и неодамнешните изјави на српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој додаде дека Албанија секогаш дејствува во целосна координација со сојузниците на НАТО.
„Албанија ниту се плаши ниту е заплашена од постапките на Србија, со воени вежби на границите на Косово, додал тој.
Според албанските медиуми Нуфи упатил јасна порака до Белград, нагласувајќи го фактот дека Албанија е земја членка на НАТО и дека секоја акција се презема во целосна координација со сојузниците.
Изјавата на министерот следува како одговор на интересот на медиумите за неодамнешните случувања во регионот.
-Српскиот претседател Александар Вучиќ неодамна потврди дека Србија има хиперсонични балистички ракети воздух-земја, тврдејќи дека нема намера да нападне никого, но изрази загриженост дека во иднина Србија би можела да биде цел на напад од наводниот воен сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, наведуваат медиумите. вт/зш/
Фото: Нуфи Фејсбук