• вторник, 26 ноември 2024

Сезоната на Охридското Езеро без позначајни нарушувања на безбедноста на капачите и несреќи

Сезоната на Охридското Езеро без позначајни нарушувања на безбедноста на капачите и несреќи

Охрид, 17 септември 2024 (МИА) – Летната туристичка сезона на Охридското Езеро мина без регистрирани позначајни нарушување на безбедноста на капачите на охридското и струшкото крајбрежје, без пријавени пловидбени несреќи и без случаи на давење во езерските води. Тоа се посочува во извештајот на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ (Езерска полиција), надлежна за севкупната безбедноста на езерото.

Според извештајот на Езерската полиција, полициските службеници интервенирале во еден случај кога на малолетно лице ненадејно му се превртел кајакот по што, безбедно го извлекле малолетникот. Интервенирано е и при случај на појава на пожар во пловен објект, а успешно е извлечен и пловен објект со повеќе лица што при лоши временски услови останал дефект во езерските води.

По преземени мерки по Закон за внатрешна пловидба, во периодот од 1 јуни до 31 август, откриени се 45 прекршоци и санкционирани се 29 сторители, откриени се четири илегални преминувања на државната граница во езерските води на лица државјани на Р. Албанија кои се затекнати при незаконит риболов во македонските територијални води. Против две лица поднесени се кривични пријави за КД „Незаконит риболов“.

Во истиот период, пронајден и привремено се одземени вкупно 132 рибарски мрежи со вкупна должина од 12.820 метри со 2050 парчиња риба пастрмка, белвица, крап и друга риба.

Кога станува збор за превентивни активности, реализирани се повеќе превентивни кампањи од проектот „Безбедно лето“ при што, често се вршеше предупредувања на лицата што управуваа пловни објекти,  да не се движи во зона на капачи односно да се движи на оддалеченост од најмалку 300 метри од брегот на езерото, согласно чл.13 од Законот за внатрешна пловидба.

Во рамките на кампањата „Како против топлотниот бран“, полициски службеници и волонтери од Црвениот крст, патролираа со полициски пловни објекти и остваруваа средба со лица кои пловеа по езерото, им делеа вода, флаери со едукативна содржина и низ разговори ги потсетуваа за најзначајните потреби за успешна заштита од силното сонце и високите температури, посочуваат од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.

Сите спроведени мерки полициските службеници ги спроведуваа самостојно и заеднички со други организациони единици од МВР, Капетанијата на пристаништата Oхрид, Државниот инспекторат за земјоделство - Охрид и Општинската организација на Црвениот Крст. аб/ев/

фото/МИА

Остани поврзан