• сабота, 23 ноември 2024

Седум држави вон ЕУ го затворија воздушниот простор за авиокомпаниите од Белорусија

Седум држави вон ЕУ го затворија воздушниот простор за авиокомпаниите од Белорусија
Скопје, 21 јуни 2021 (МИА) - Седум земји кои не се членки на Европска Унија се приклучија на одлуката на ЕУ да го затворат својот воздушен простор за белоруските авиокомпании, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ. Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка се приклучија на одлуката на Советот на ЕУ од 4 јуни, со која се забрануваат прелети над воздушниот простор на ЕУ и пристап до аеродромите на ЕУ на сите авиопревозници од Белорусија. - Овие земји се посветени на воведувањето слични ограничувања за Белорусија, а ЕУ го поздравува ова, се наведува во соопштението од Советот на ЕУ. Одлуката за забрана за прелети и за пристап до аеродромите е поради принудното приземјувањето на авион на Рајанер во Минск на 23 мај, кој сообраќаше од Атина за Вилнус, при што беше приведен новинарот Роман Праташевич и неговата партнерка, Софија Сапега. Поради инцидентот од 23 мај денеска САД, Обединетото Кралство, Канада и ЕУ координирано воведоа санкции кон Белорусија. ми/

Остани поврзан