• сабота, 27 јули 2024

Седмоодделенец пукал кон учениците и обезбедувањето во основно училиште во Белград, полицијата го уапсила

Седмоодделенец пукал кон учениците и обезбедувањето во основно училиште во Белград, полицијата го уапсила

Белград, 3 мај 2023 (МИА) - Полицијата уапси седмоодделенец на белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, осомничен дека утрово во 8 часот и 40 минути испукал неколку истрели од пиштолот на неговиот татко во правец кон учениците и обезбедувањето на училиштето, јави агенцијата Бета.

Згрижувањето на повредените е во тек, а полицијата работи на утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан, соопшти МВР.

Исто така се наведува дека полицијата, по добиена пријава, ги испратила сите расположливи патроли и веднаш излегла на терен. паг/

 

 

Остани поврзан