• понеделник, 23 декември 2024

Севернокорејскиот лидер се закани со нуклеарно оружје ако се нападне суверенитетот на земјата

Севернокорејскиот лидер се закани со нуклеарно оружје ако се нападне суверенитетот на земјата

Пјонгјанг, 4 октомври 2024 (МИА) - Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун изјави дека земјата нема да се двоуми да прибегне кон сите расположливи напаѓачки сили, вклучително и нуклеарни, доколку непријателот се обиде да го загрози нејзиниот суверенитет, пренесе севернокорејската агенција КЦТА.

Ким го критикуваше јужнокорејскиот претседател  Јун Сук-Јол за заканите упатени кон Северна Кореја, тврдејќи дека тие покажуваат кој ја загрозува регионалната безбедност и мирот.

КЦТА пренесува дека Ким ги направил овие коментари за време на воената обука на специјалните единици. ссм/

фото: архива

Остани поврзан