Северна Кореја ќе продолжи да лансира сателити, нејзините сили се собираат долж границата со Јужна Кореја
- Северна Кореја (НДРК) предупреди дека ќе продолжи да ги остварува своите суверени права, вклучително и со лансирање сателити, додека нејзините војници обновуваат некои уништени безбедносни пунктови долж границата со Јужна Кореја, пренесе БТА.
Пјонгјанг, 27 ноември 2023 (МИА) - Северна Кореја (НДРК) предупреди дека ќе продолжи да ги остварува своите суверени права, вклучително и со лансирање сателити, додека нејзините војници обновуваат некои уништени безбедносни пунктови долж границата со Јужна Кореја, пренесе БТА.
Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека лансирањето на извидувачки сателит минатата недела било поттикнато од потребата да се следат САД и нивните сојузници.
-Ова е правен и праведен начин земјата да го искористи своето право на самоодбрана, да одговори и да ги следи воените дејствија на Соединетите држави и нивните полномошници, се вели во написот на водечките севернокорејски медиуми.
Нуклеарно вооружената земја лансираше шпионски сателит во вторникот, велејќи дека успешно влегол во орбитата и дека пренесува слики. Јужнокорејските одбранбени претставници и аналитичари рекоа дека нејзините способности не биле потврдени од независен извор.
Лансирањето го натера Сеул да ја прекине клучната клаузула од меѓукорејскиот воен договор од 2018 година и да продолжи со воздушниот надзор во близина на границата. Пјонгјанг, пак, рече дека повеќе не е обврзан со договорот и дека ќе распореди оружје долж границата со југот. мс/
фото: ЕПА