• среда, 25 декември 2024

Северна Кореја со воена парада ја одбележа годишнината на владејачката Работничка партија  

Северна Кореја со воена парада ја одбележа годишнината на владејачката Работничка партија  
Сеул, 10 октомври 2020 (МИА) - Здружениот генералштаб на јужнокорејската армија тврди дека во Пјонгјанг е одржана воена парада во рамките на пролавата на 75-годишнината од формирањето на владејачкатаРаботничка партија. Во регионот со голем интерес се следи прославата и се очекува севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да се обрати до домашната и меѓунартодната јавност. Според јужнокорејската армија на парадата учествувале голем број војници и било прикажано големо количество оружје и военаопрема. Јужнокорејскиот воен врв оцени дека парадата во Северна Кореја е со цел да се прикаже новиот арсенал на интерконтинентални балистички ракети и новиот балистички ракетен систем за проектили, што се лансираат од подморница. Преговорите за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров со САД пропаднаа, а според Сеул, Ким парадата ја користи како демонстрациија на моќ пред претседателските избори во САД. - Јужнокорејските и американските разузнавачки служби внимателно го следат развојот на ситуацијата во Северна Кореја, се наведува восоопштението од Сеул. ми/

Остани поврзан