• среда, 22 јануари 2025

СДСМ: Скандал во СОЗР, роднини на Томовски дел од тендер вреден 3,5 милиони евра

СДСМ: Скандал во СОЗР, роднини на Томовски дел од тендер вреден 3,5 милиони евра

Скопје, 21 јануари 2025

На повидок е голем роднинско-корупциски скандал поврзан со работата на директорот на СОЗР, Ивица Томовски.

Тендер вреден 3,5 милиони евра добила фирма во која роднина на директорот Томовски станува раководител на подружница од истата фирма во ек на самата тендерска постапка.

Еве ја целата шема, како парите на граѓаните завршуваат во џебовите на роднините на функционерите од ДПМНЕ.

СОЗР, орган во рамки на Владата склучила договор за обезбедување на државните објекти со компанијата „Праеториан ДООЕЛ“, вреден 3,5 милиони евра.

Огласот за тендерот бил распишан на 10 октомври 2024 година и до тогаш, компанијата е во сопственост на Тадеуш Јарчев, а управител е Анета Јарчева.

Но, само осум дена подоцна, во ек на огласот, односно на 18 октомври, Власе Танаскоски, роднина на Томовски, влегува во „Праеториан ДООЕЛ Скопје“.

Регистрирана е подружница во Охрид и за нејзин раководител е избран токму роднината на Томовски, Власе Танаскоски.

Адресата на подружницата се совпаѓа со седиштето на компанијата „Гашо Пласт“, чиј сопственик е уште еден близок роднина на истиот функционер.

Почитувани,

Ова е класичен пример за злоупотреба на функцијата и директен конфликт на интереси.

Владата на ДПМНЕ овозможува коруптивни шеми за лични интереси на функционерите од власта.

Ова е синдром на еден коруптивен систем на ДПМНЕ кој работи за испумпување на парите на граѓаните, само за богатење на мал круг луѓе блиски до власта.

Со вакви криминални шеми, Владата на Мицкоски го уништува правото и  ја нарушува довербата на граѓаните во системот.

СДСМ бара итна реакција од Антикорупциската комисија, Јавното обвинителство и сите надлежни институции. Неопходно е целосно да се истражи случајот и да се утврди одговорноста за овој скандал.

Ваквите скандали мора да завршат!

Граѓаните заслужуваат власт која ќе работи во нивни интерес, а не за лични и фамилијарни профити.

 

Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ

СДСМ: Забегана е најавата на власта за купување нов авион


Скандалозна и најблаго речено забегана е најавата на директорот на СОЗР дека власта сака да купува нов авион за владините фукцинери додека нема пари за плати за работниците, за поголема минимална плата, а гледаме дека нема ниту лекови. 

Власта е одлепена од реалноста, луѓето не можат да врзат крај со крај, се мачат со секојдневните поскапувања и високи трошоци за живот, платите стагнираат, додека власта се лукзузира.  

Најавата пак дека се размислувало и демек за половен авион е навреда на интелегнцијата на луѓето, станува збор за милионски бизнис зделки. 

СДСМ е против и ќе се спротивстави на овие расипнички и погрешни политики на ДПМНЕ.

 

Прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ

СДСМ

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан