• петок, 05 декември 2025

СДСМ: Новиот шеф на ДКСК треба да постапи по криминалот од 9 милиони евра

СДСМ: Новиот шеф на ДКСК треба да постапи по криминалот од 9 милиони евра

Скопје, 4 декември 2025 

СДСМ го потсетува ново избраниот претседател на ДКСК, Адем Чучуљ, за корупцискиот скандал од 9 милиони евра и го повикува да биде меѓу првите негови работни задачи, стои во соопштението на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ што МИА го пренесува интегрално.

Кои се фактите: Фирма основаната минатата година, со само двајца вработени добива 9 милионски договори за тендери од владата на Христијан Мицкоски.

Тендерите се во висина од 9 милиони евра, пари на граѓаните!

Периодот на добивање на сите тендери вредни 9 милион вра е само за шест месеци во 2025 година.

Вкупниот број на добиени тендери е 6 од кои 4 тендери се од Генералниот секретаријат на владата на Мицкоски, еден од ЕСМ и еден од Министерство за администрација.

Документите, фактите и доказите за овој скандал се објавени се сите, достапни се за јавноста и  доставени до ДКСК заедно со пријава од страна на СДСМ

Новиот шеф на ДКСК треба само да ги погледне, да ја прочита пријавата на СДСМ и да делува.

Работата не е завршена!

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан