СДСМ: Извештајот на Вајц е нова потврда дека власта ја турка Македонија во изолација
- Извештајот на известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, е уште потврда на она што СДСМ со месеци го говори: Македонија е заглавена, реформи нема, процесот на пристапување кон ЕУ е сопрен, власта ја турка земјата во изолација. „Процесот на пристапување е сопрен“, ова не е оценка на опозицијата, туку официјален став од овој извештај, се посочува во соопштението до СДСМ, што МИА го пренесува интегално.
Скопје, 19 февруари 2026
Извештајот на известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, е уште потврда на она што СДСМ со месеци го говори: Македонија е заглавена, реформи нема, процесот на пристапување кон ЕУ е сопрен, власта ја турка земјата во изолација. „Процесот на пристапување е сопрен“, ова не е оценка на опозицијата, туку официјален став од овој извештај, се посочува во соопштението до СДСМ, што МИА го пренесува интегално.
Во документот јасно се наведува дека нема напредок во владеењето на правото, правосудните реформи и борбата против корупцијата.
Пораката од Брисел е јасна: проширувањето може да се забрза, но само ако има вистински реформи и владеење на правото.
Со Владата на Мицкоски,. Македонија денес нема ниту едното ниту другото.
Корупцијата и криминалот цветаат, секојдневно сме сведоци на криминални тендери.
161 тендер за една фрима, 51 тендер преку општините за друга фирма, 74 тендери за трета, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, тендер 1,2 милион евра за фирма блиска до ЗНАМ преку „Пошта“.
57 дена поминаа, а Обвинителството и ДКСК молчат и не преземаат ништо.
Портпаролката на Владата, Марија Митева, потврди дека Мицкоски управува со судовите со јавно изнесување информации од судски процес, кој сè уште трае.
Мицкоски си поставува судии и обвинители под негова контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судскиот совет, сега советник на Мицкоски во Уставниот суд.
Се носат закони за правосудството, кои не е во согласност со препораките на ЕУ.
Наместо реформи, Владата намерно отвора кавги со соседите за да ја оправда изолацијата и да ги блокира преговорите.
Води анти-ЕУ кампања со обвинувања дека Европа е виновна.
Високи 71 % од граѓаните даваат поддршката за членство во ЕУ, што значи дека политиката на изолација на ВМРО оди против волјата на народот.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Фото: МИА архива