• понеделник, 16 декември 2024

СДСМ: Во последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили, сторителите се уште се непознати

СДСМ: Во последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили, сторителите се уште се непознати

Скопје, 13 октомври 2024

Дури 7 возила изгореа во Скопје само за два дена. Четири возила изгореа вчера во Чаир за една вечер и две возила во Аеродром еден ден пред тоа.

Неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста на граѓаните која што е алармантно влошена.

Во последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили и на инспектори, началници, полицајци. Беше запаленото возило на Началникот на полицијата во Струга, на инспектор во Виница. Сторителите се уште се непознати, одговорност нема.

Пречесто има пукања и криминални пресметки, досега има дваесетина убиства и обиди за убиства.

Откако Тошковски и ДПМНЕ се на чело на МВР улиците станаа Див запад.  Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи.

СДСМ Соопштение за јавност

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан