• вторник, 24 декември 2024

СВР Тетово поднесе пријава зa комунално претријатие, со неподигнат смет го попречувале сообраќајот

СВР Тетово поднесе пријава зa комунално претријатие, со неподигнат смет го попречувале сообраќајот

Тетово, 15 март 2024 (МИА) - СВР Тетово денеска соопшти дека месецов поднеле пријава за тетовското комунално претпријатие затоа што со тоа што не го подигнале сметот и го попречувале сообраќајот. Поднесокот е согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за неподигнат смет од јавни сообраќајни површини, оставен на самиот коловоз.

- Вакви поднесоци ќе се изготвуваат и во наредниот период со цел да се овозможи нормален сообраќаен проток низ градските улици и да се придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, а посебно на пешаците. Глобите за непочитување на оваа законска одредба се движат од 100 до 1000, односно до 10 илјади евра, зависно од тоа дали е физичко или правно лице и плус 500 евра за одговорното лице на правниот субјект, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Портпаролот  Јосифоски го пренесува апелот на Секторот за внатрешни работи Тетово до граѓаните и претпријатијата задолжени за одржување на јавната хигиена во Тетово. Им се препорачува целосно и безусловно да се придржуваат на Законот за јавна чистота и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

- Граѓаните да не ги оставаат отпадоци каде ќе стигнат и надвор од контејнерите и другите садови за таа намена, а претпријатијата редовно да го подигаат сметот и да не дозволат создавање на купишта со расфрлани отпадоци. Зашто, неретко купиштата отпадоци или неправилно поставени контејнери го попречуваат нормалното и безбедно движење на возилата и пешаците, пред сè и на некои потесни места и предизвикуваат застој во одвивањето на сообраќајот, потенцира Јосифоски. ас/цр

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан