• понеделник, 23 декември 2024

Свечена Aкадемија за 80 години слободен Велес, врачени највисоките општински награди и признанија  

Свечена Aкадемија за 80 години слободен Велес, врачени највисоките општински награди и признанија  

Велес, 10 ноември 2024 (МИА) - По повод 80 години од ослободувањето на Велес, а воедно и Денот на Општната, синоќа во големата сала на театарот во Велес се одржа Свечена академија на која беа врачени традиционалните највиски општински награди и признанија.

На проф. д-р Јордан Нојков му беше врачена престижната награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година. Тој е познат специјалист анестизиолог, сега во пензија, а  добитничка на наградата за најстудент „Професор д-р Ѓорѓи Шоптрајанов“ е студентката Тамара Коцевска.

На Свечената  академија, Спомен плакета на Општина Велес беа врачени  на директорот на Државен завод за ревизија, Максим Ацевски и на граѓанската организација Извиднички одред  „Димитар Влахов“- Велес.

Благодарница 9 Ноември ќе им биде доделена на над 20- те учесниците на XXIV „Вардарска регата Гемиџии 2024“, а која регата годинава пловидбата по Вардар од Велес не ја заврши во Гевгелија и за првпат  продолжи и пловеше  по Вардар се до вливот кај Солун.

Благодарници  добија и  писателката м-р Десанка Николова,  д-р Теодора Тодорова, четиричлената планинарска експедиција  во состав Зоран Јаневски, Никола Ангелов, Марјан Малинов и Николче Василев, како и  организаторите на ултрамаратон „Велес- Лопушник“: Верољуб Додевски, Зоран Димов, Трајче Михов, Томислав Спасевски и Љубиша Андриевиќ, како и  Здружението на граѓани за доброволна работа „Велешки акцијаши“ Велес и  Здружение на граѓани ,,ОК Борец ветерани” Велес.

Врачени беа им 9-тто Ноемвриски пофалници на Јадранка Мајсторова, Елица Николова, Горан Алексов, Неформална група „Клисура Пешти“ во состав Слободан Ѓорѓиев, Борче Јовчевски и Сашко Ѓорѓиев, како и Здружение за безбедност на вода и планина „Македонски спасител“ Велес.

На присутните им се обрати градоначалникот Марко Колев кој им  ги честита наградите, искажувајќи почит и благодарност за  ослободители на Велес од 9 ноември 1944 година.

Свечената Академија беше заокружена со концерт во чест на наградените насловен „Кондензиран воздив по тебе“.

Инаку, вчера во рамките на програмата беше положено цвеќе на Спомен костурницата на загинатите борци од Народноослободителната војна, а се оджа и придодна културно-уметничка програма.

Вчера  во спортската сала „Гемиџии“ се  одигра и  веќе традиционалниот Меѓународен турнир на ракометни ветерани „Велес 2024“ што го организира Здружението на спортски ветерани во соработка со Општина Велес.

Во рамките на програмата „80 години слободен Велес“ во среда напладне во големата сала на Општина Велес ќе се одржи и свеченост во чест на наградените ученици и ментори кои добиле највисоки домашни и меѓунардни награди на разни натпревари во оваа 2024 година, а кои дополнително за афирмацијата на градот ќе добијат и награди од Општина Велес.

Оваа недела во четврток, петок и сабота на 14,15 и 16 ноември во Велес ќе се одржи и богатата програма на 57- те Детски Рацинови средби кои се под покровителство на Општина Велес, а во рамките на програмата „80 години слободен Велес“. ад/дма/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан