Светските сили повикаа на деескалација во Сирија
- САД, Франција, Германија и Велика Британија во заедничката изјава, повикаа на „деескалација“ на борбите во Сирија, каде бунтовничките групи во изминатите денови презедоа контрола врз некои територии на северот на земјата.

Вашингтон, 2 декември 2024 (МИА) – САД, Франција, Германија и Велика Британија во заедничката изјава, повикаа на „деескалација“ на борбите во Сирија, каде бунтовничките групи во изминатите денови презедоа контрола врз некои територии на северот на земјата.
- Ги повикуваме сите страни да ги намалат тензиите и да ги заштитат цивилите и инфраструктурата за да се избегне понатамошно раселување и прекин на испораката на хуманитарна помош, се вели во соопштението.
Ескалацијата на конфликтот ја нагласува итната потреба за политичко решение, се додава во текстот. јт/