• сабота, 23 ноември 2024

Светниколското излетничко место Ѓуриште исчистено од ѓубре

Светниколското излетничко место Ѓуриште исчистено од ѓубре
Штип, 26 декември 2020 (МИА) - Вработените на Јавното претпријатие „Комуналец“ денеска од секаков вид на отпад го исчистија излетничкото место Ѓуриште, култна локација за жителите на Свети Николе.
Градоначалникот на Општина Свети Николе Сашо Велковски изјави дека затекнати се и празни канти и контејнери.
- Насекаде беше расфрлано отпад што не доликува на совесни граѓани кои го посетуваат оваа излетничко место. Затоа апелирам до сите граѓани да го одлагаат отпадот во корпите и контејнерите за отпадоци со цел излетничкото место да биде еколошки чисто и пријатно за престој, нагласи Велковски.
Тој забележува дека еколошката свест е придобивка на современиот човек , а од излетничкото место Ѓуриште се собрани неколку приколки со секаков вид на отпад. вдј/мд/

Остани поврзан