• вторник, 24 декември 2024

Сајкоски: Секоја година Битола од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе добива 11 милиони евра

Сајкоски: Секоја година Битола од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе добива 11 милиони евра

Скопје, 27 април 2024

И оваа сабота сум во Битола на средба со граѓаните.  Сакаме да им укажеме, но и да им гарантираме на битолчани дека Битола е на врвот на агендата на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ. 

Сакаме да им гарантираме дека Битола ќе биде културен, образовен, економски и енергетски центар. Ќе вложиме во РЕК Битола , комбинатот ќе биде во полн сјај и ќе бидат реконструирани блоковите. 

Сакаме исто така да укажеме дека ќе вложуваме и во општина Битола. Секоја година општината од владата ќе добива 11 милиони евра, ќе се направат влезовите во Битола. Но, владата исто така ќе ја направи обиколницата до Меџитилија, ќе вложи многу средства за градот Битола. 

Сакам да ги повикам битолчани во што поголем број на изборите на 8 мај да се приклучат исто како и во првиот круг за да донесеме една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и победа за Македонија.

 

 Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5

___________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан