Сар: Израел оваа недела ќе започне преговори за втората фаза од договорот за примирје
- Израел оваа недела ќе ги започне преговорите за втората фаза од договорот за примирје, вклучувајќи и размена на израелски заложници за палестински затвореници, соопшти денеска министерот за надворешни работи на земјата Гидеон Сар.

Тел Авив, 18 февруари 2025 (МИА) - Израел оваа недела ќе ги започне преговорите за втората фаза од договорот за примирје, вклучувајќи и размена на израелски заложници за палестински затвореници, соопшти денеска министерот за надворешни работи на земјата Гидеон Сар.
Тој на прес-конференција рече дека одлуката е донесена синоќа на состанокот на кабинетот за безбедност.
Саар исто така изјави дека Израел бара „целосна демилитаризација на Газа“ и дека „нема да прифати продолжување на присуството на Хамас или која било друга терористичка група“ на палестинска територија. рп/
Фото: МИА архива