• четврток, 18 декември 2025

Сар: Британски санкции за израелски министри е скандалозна и неприфатлива одлука

Сар: Британски санкции за израелски министри е скандалозна и неприфатлива одлука

Тел Авив, 10 јуни 2025 (МИА) – Шефот на израелската дипломатија Гидеон Сар, одлуката на Велика Британија да воведе санкции за двајца израелски министри, ја оцени како скандалозна.

Тој најави дека на владина седница, идната недела ќе се донесе одлука како Израел ќе реагира на „неприфатливата одлука“ на Лондон.

Претходно, лондонскиот дневен весник „Тајмс“ објави дека Велика Британија ќе воведе санкции против двајца израелски ултрадесничарски министри поради нивниот однос кон војната во Појасот Газа.

Велика Британија ќе им се придружи на Канада, Австралија, Нов Зеланд и други земји во замрзнувањето на банкарските сметки и ќе воведат забрана за патување за министерот за внатрешна безбедност Итамар Бен-Гвир и за министерот за финансии Безалел Смотрих.

Велика Британија, како и дел од европските држави, се обидува да го засили притисокот врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да дозволи дистрибуција на хуманитарна помош во Појасот Газа. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан