Санкционирани 70 возачи на територија на Кочани
- На територија на Кочани во текот на вчерашниот ден е спроведена акциска контрола на полицијата за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Скопје, 22 април 2024 (МИА) - На територија на Кочани во текот на вчерашниот ден е спроведена акциска контрола на полицијата за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Како што денеска соопшти Министерството за внатрешни работи санкционирани се 70 возачи од кои 23 за возење без возачка дозвола, седум поради измината важност на сообраќајната дозвола, а изречени се и осум мерки за непрописно вградени фолии (затемнети стакла)...
На сите прекршители им се изготвени соодветни пријави. бак/
Фото: МИА архива