• понеделник, 23 декември 2024

Санкционирани 33 возачи на мотоцикли на територија на СВР Битола

Санкционирани 33 возачи на мотоцикли на територија на СВР Битола
Скопје, 18 август 2022 (МИА) - Во периодот од 10:00 до 15:00 часот при денешната спроведена засилена акциска контрола на територија на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли санкционирани се 33 возачи. Како што информираат од МВР, од вкупниот број на санкционирани возачи, 22 не користеле заштитна кацига за време на возење, шест возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта. фф/сп/

Остани поврзан