• вторник, 24 декември 2024

Санкционирани 261 возач во Скопје, 88 за брзо возење

Санкционирани 261 возач во Скопје, 88 за брзо возење

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - На скопска територија во текот на вчерашниот ден, при акциска контрола изречени се вкупно 261 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина - 88 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол. Податоците денеска ги соопшти Министерството за внатрешни работи.

Изречени биле седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 26 санкции имало за некористење сигурносен појас, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Од МВР истакнаа дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Оттаму апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот. бд/са/

Фото: МИА

Остани поврзан