• петок, 26 јули 2024

Санкционирани 125 возачи во Скопје, 11 санкции за возење без возачка дозвола

Санкционирани 125 возачи во Скопје, 11 санкции за возење без возачка дозвола

Скопје, 6 јули 2024 (МИА) - На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11 санкции, а 12 мерки се изречени за користење на мобилен телефон при управување.

Како што информираат од МВР, изречени се пет мерки за некористење на сигурносен појас, а 12 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикл.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението на МВР.бт/ев/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан