• понеделник, 23 декември 2024

Сане по првиот тренинг со Баерн: Презадоволен сум

Сане по првиот тренинг со Баерн: Презадоволен сум
Минхен, 14 јули 2020 (МИА) - Напаѓачот на Баерн, Лерој Сане ги сподели своите впечатоци од првиот тренинг како играч на тимот од Минхен. - Првата лекција помина многу добро. Многу сум среќен што се вратив на теренот и ја спроведов мојата прва тренинг сесија во базата на Баварците. Презадоволен сум, изјави Сане за веб-страницата на германскиот шампион. На 3 јули Сане потпиша договор со Баерн до крајот на јуни 2025 година. Тој во Германија доаѓа од Манчестер сити. Дваесет и четиригодишниот Германец ги скина лигаментите во првиот натпревар од сезоната 2019/20 - Суперкупот на Англија против Ливерпул. На теренот се врати на 22 јуни против Барнли. зс/

Остани поврзан