• сабота, 23 ноември 2024

Самостојна изложба на Доротеј Нешовски во МКЦ

Самостојна изложба на Доротеј Нешовски во МКЦ

Скопје, 14 август 2024 (МИА) - Самостојна изложба „Ноќна шума: неизвесни значења и патот низ непознатото“ на уметникот Доротеј Нешковски вечер ќе биде отворена во Младинскиот културен центар (МКЦ).

- Својата најнова уметничка продукција, која Доротеј Нешовски ја насловува како „Ноќна шума“, е продолжување на неговите истражувачки методи долгорочно посветени на трансформативниот потенцијал на неколку едонставни формални елементи и материјали со кои работи во различни формати: дрвени боички, вертикали, сенки, транспарентни слоеви кои ја имаат главната улога и во оваа поставка, смета визуелниот уметник Дарко Алексовски.

Доротеј Нешовски (1989, Скопје) е интердисциплинарен уметник кој се занимава со концептите за креативна спонтаност, ликовнa артикулација, социјална инклузија, педагогија и апстрахирање на релацијата галерија - публика - уметник. Неговите интереси вклучуваат партиципативни активности, методологии на мапирањe и резонантност, вониституционално делување, истражувачки практики и детска едукација.

Нешовски дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот за вајарство со  насока сценографија. Неговата книга „Уметноста не е тоа што сакате“, издание на „Priaveteprint“ од Скопје, излезе од печат во 2017 година.

Од 2012 година тој е еден од основачите и член на уметничката група „ЅЕЕ“, со која има реализирано повеќе проекти. Од 2015 година активно организира и конципира детски работилници во Детскиот креативен центар при МКЦ.

Изложбата ќе биде отворена до 24 август 2024. мд/хс/

Фото: Доротеј Нешовски

 

Остани поврзан