• понеделник, 23 декември 2024

Самит за биолошка разновидност: Земјите веќе заостануваат во исполнувањето на глобалните цели

Самит за биолошка разновидност: Земјите веќе заостануваат во исполнувањето на глобалните цели

Кали, 21 октомври 2024 (МИА) - Претставници на речиси 200 земји пристигнаа во Колумбија каде денеска почна COP16, на кој ќе разговараат за исполнувањето на ветувањата од договорот од 2022 година.

Двонеделната конференција на Обединетите нации за биолошка разновидност (COP16), која почна денеска,  е продолжение на состаноците во Монтреал во 2022 година, каде што 196 земји потпишаа амбициозен глобален договор, Глобалната рамка за биолошка разновидност Кунминг-Монтреал, за заштита на биолошката разновидност. Делегатите во Кали ќе дебатираат како можат да ја спасат природата од сегашната брза стапка на уништување и како ќе ги исполнат барањата на договорот од 2022 година.

На двонеделниот самит на ОН за биолошка разновидност, COP16, во Кали, Колумбија, учествуваат речиси 200 земји, кои ќе бидат под притисок да ги докажат своите заложби за целите поставени во договорот „Кунминг-Монтреал рамка за глобална разновидност“. Овие цели вклучуваат заштита на 30 отсто од светското копно и морето до 2030 година и користење 200 милијарди долари за спроведување на плановите. Тие вклучуваат земји кои издвојуваат 30 отсто од нивните територии за зачувување, ги намалуваат субвенциите за бизнисите што и штетат на природата и наложуваат компаниите да го пријават своето влијание врз животната средина.

Договорот тогаш беше наречен еквивалент на Парискиот договор за клима, но повеќето земји сѐ уште не ги поднеле своите национални планови за зачувување на биолошката разновидност.

Се очекуваше земјите да ги поднесат своите планови за биолошка разновидност, познати како NBSAP, до почетокот на самитот што ќе трае до 1 ноември. До петокот, 31 од 195 земји имаа поднесено план до секретаријатот на ОН за биолошка разновидност.

Вчера, колумбиската министерка за животна средина и претседателка на COP16, Сузана Мухамад, ја опиша конференцијата како можност „да се собере искуството што поминало низ оваа планета од сите цивилизации, од сите култури, од целото знаење... за да се создадат услови за живеење, релативно стабилни за ново општество кое ќе се кова во светлината на кризата“. ссм/

фото: ЕПА

 

 

 

 

 

Остани поврзан