• сабота, 23 ноември 2024

Сали на средба со претставници на УНФПА: Унапредување на мајчиното и здравјето на новороденчињата

Сали на средба со претставници на УНФПА: Унапредување на мајчиното и здравјето на новороденчињата
Скопје, 27 јануари 2022 (МИА) - Заедничката заложба на Министерството за здравстви и УНФПА за унапредувањето на мајчиното и здравјето на новороденчињата, како и за унапредување на сите нивоа на здравствена заштита, се дел од темите на кои е разговарано на денешната средба на министерот Беким Сали со Афродита Шаља, шеф на канцеларијата на УНФПА. Како што објави министерот на својот фејсбук профил, на средбата е разговарано и за иновативниот пристап во обезбедување гинеколошки услуги за ранливите категории преку мобилните амбуланти. - Заеднички договоривме изготвување акциски план за сексуално и репродуктивно здравје, со цел сеопфатен пристап врз основа на човекови права за здравјето на жените и девојчињата, со тоа и родовата еднаквост. Посебен фокус беше посветен на унапредување на превенцијата на цервикален карцином, објави министерот Сали. фф/цр

Остани поврзан