• сабота, 23 ноември 2024

Сали: Министерството за здравство не е најодговорно за смртта на пациентот со цистична фиброза, обезбедени средства за лек за осумте најтешко болни

Сали: Министерството за здравство не е најодговорно за смртта на пациентот со цистична фиброза, обезбедени средства за лек за осумте најтешко болни

Струга, 9 февруари 2023 (МИА) - Министерството за здравство не би било најодговорната институција за смртта на пациентот со цистична фиброза, кој не дочека набавка на лекот „Трикафта“, рече ресорниот министер Беким Сали.

По денешната посетата на Општа болница Струга, прашан дали чуствува одговорност за смртта на младиот битолчанец, тој рече дека на време пријавиле и побарале поддршка од Владата и Министерството за финансии, за да одговорат позитивно на барањето за третман на пациентите со цистична фиброза.

- Вчера изразив сочуство до сите членови на Асоцијацијата, со кои сум во постојана комуникација. И они ја знаат мојата спремност за решавање на тој порблем кој за жал беше наталожен од други фактори, а не од Министерството за здравство. Имајќи предвид дека Министерството не ги купува лековите, туку го организаира системот и правно го овозможува давањето ингеренции на установите со што можат да располагаат и како да се организираат, изјави Сали.

Тој посочи дека вршат измени на три закони, кои ќе овозможат директно преговарање со производител на лекови.

- Со денешна одлука на Фондот за здравствено осигурување, а во меѓувреме треба да се одржи и седницата на Управниот одбор треба да се одлучи за дополнителен буџет кој ќе се одобри на педијатрија за да може да обезбеди лекови „трикафта“ за пациенти кои се во критична состојба, рече Сали.

Според него, осуммина се во критична состојба и уште 22 се во фаза на средно тешка состојба.

Претходно, тој на својот фејсбук профил сподели дека денеска се обезбедени 140 милиони денари буџетски средства за набавка на лекот „трикафта“ за осум пациенти со цистична фиброза. сс/цр

Остани поврзан