• сабота, 23 ноември 2024

Салвини бара укинување на неговиот пратенички имунитет

Салвини бара укинување на неговиот пратенички имунитет
Рим, 20 јануари 2020 (МИА) - Лидерот на италијанската опозиција, десничарот Матео Салвини денеска ги повика сенаторите да му го укинат имунитетот за да може да му биде судено поради тоа што како министер за внатрешни работи со денови не дозволуваше симнување на мигрантите од спасувачкиот брод.
Комисијата на Сенатот денеска ќе одлучува за укинување на пратеничкиот имунитет на лидерот на Лига, иако имунитетот не може да му биде одземен пред гласањето на сите сенатори, што е закажано во февруари.
Салвини тврди дека ги штител границите на Италија во јули 2019 година кога како министер за внатрешни работи не и дозволуваше на крајбрежната стража да ги симне 131 мигранти на островот Сицилија.
Обвинителствто на Сицилија поведе истрага против Салвини за киднапирање, но го отфрли случајот, но Трибуналот на министри, судско тело надлежно за евентуални кривични дела на владини претставници, сака да продолжи тој процес. ми/
 

Остани поврзан