• сабота, 27 јули 2024

Саем на книга на издавачката куќа „Матица" од денеска до 8 декември во Делчево

Саем на книга на издавачката куќа „Матица

Делчево, 1 декември 2023 (МИА) – Во Јавната локалната библиотеката Илинден отворен е Саем на книга од Издавачката куќа „Матица“. Саемот како што информираа од библиотеката е во времетраење од 1 до 8 декември 2023 година.

-Граѓаните на Делчево во рамки на овој саем, ќе можат да купат и детска литература и литература за возрасни по саемски цени. Саемот е сместен во просториите на читалната на библиотеката, истакнаа од ЈЛБ Илинден.

Од библиотеката ги поканија сите љубители на книгата да го посетат овој саем и да одберат некое од своите омилени изданија

Овој саем се организира во рамки на Деновите на хуманоста, а во чест на 3 Декември, Светски ден на лицата со посебни потреби. вс/ир

 

Фото: МИА

Остани поврзан