• сабота, 23 ноември 2024

Саем на книга во Крива Паланка во соработка со Европската куќа

Саем на книга во Крива Паланка во соработка со Европската куќа
Крива Паланка, 19 септември 2022 (МИА) - Сите љубители на книгата и пишаниот збор од Крива Паланка денеска можеа да купат или разменат книги на отворениот еднодневен саем на книга пред градската библиотека „Кочо Рацин".
Настанот го организираше Европската куќа Крива Паланка во соработка со Националната установа Центар за култура Крива Паланка и градска библиотека што функционира во рамки на установата.
-Нашата цел беше преку најразличен избор на книги што можат да го задоволат сечиј вкус да се потрудиме да го разубавиме попладнето на случајните минувачи од градот. Покрај книгите што можеа да ги купат од библиотеката за да ја збогатат својата библиотека, исто така, во делот „подарок книга" секој читател имаше можност да подари или размени книга со некој од присутните, информира Димитар Петровски од Европска куќа Крива Паланка.
Европската куќа од Крива Паланка редовно организира настани што ја збогатуваат понудата на културни,спортски и едукативни содржини за младите од општината и регионот, како јадро на збиднувањата за младата популација. ид/дма/

Остани поврзан