• вторник, 24 декември 2024

САД соопштија дека уништиле беспилотни летала на Хутите откако бунтовниците лансирале ракета во Аденскиот Залив

САД соопштија дека уништиле беспилотни летала на Хутите откако бунтовниците лансирале ракета во Аденскиот Залив

Вашингтон, 26 април 2024 (МИА) - Војската на САД денеска соопшти дека коалициските сили „ангажирале и уништиле“ два беспилотни летала во деловите на Јемен контролирани од Хутите, откако бунтовниците поддржани од Иран лансирале балистичка ракета во Аденскиот Залив.

Противбродскиот проектил лансиран вчера не предизвикал повреди или оштетувања, се вели во соопштението на американската Централна команда (CENTCOM).

Неколку часа подоцна, американската војска „успешно ангажираше и уништи еден брод без екипаж и едно беспилотно летало во областите во Јемен контролирани од Хутите, соопшти командата.

Бунтовниците од ноември извршија десетици ракетни и беспилотни напади насочени кон бродовите, велејќи дека тие дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан