• понеделник, 23 декември 2024

САД: Севернокорејските трупи веќе се борат во Украина, но не е јасно со каков успех

САД: Севернокорејските трупи веќе се борат во Украина, но не е јасно со каков успех

Вашингтон, 13 ноември 2024 (МИА) – Повеќето војници од севернокорејскиот контингент од 10.000 војници, испратени во Русија за да и помогнат во борбата против Украина, влегле во борба во западниот регион Курск, но неизвесно е дали нивното вклучување во војната ќе се исплати, изјави портпаролот на Стејт департментот.

- Дали Русија навистина ќе има корист од севернокорејските трупи на бојното поле во голема мера ќе зависи од тоа колку добро ќе може да ги интегрира во своите вооружени сили, изјави заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател.

- Некои од предизвиците што Москва ќе мора да ги надмине во овој поглед се поврзани со интероперабилноста, јазичната бариера, командата и контролата, а исто така и во комуникациите, додаде тој.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред неколку дена исто така соопшти дека некои од севернокорејските војници, кои според него се вкупно 11.000, се судриле со украинската армија во руската погранична област Курск. јт/

Остани поврзан