• понеделник, 14 октомври 2024

САД размислуваат да испратат нов противракетен систем во Израел

САД размислуваат да испратат нов противракетен систем во Израел

Вашингтон, 13 октомври 2024 (МИА) – Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја разгледува можноста на Израел да му достави противракетен систем ТХААД.

Според американски неименувани извори сè уште не е донесена конечна одлука, но разговорите се во тек.

САД имаат широк опсег на системи за ракетна одбрана распоредени во Блиски Исток и Европа, вклучувајќи ги и системите Патриот.

Официјалните лица со месеци дебатираа какви типови системи за противвоздушна одбрана да распоредат во регионот и каде. Распоредувањето на ТХААД би вклучило и распоредување војници, кои знаат како да управуваат со сложениот систем. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан