• сабота, 23 ноември 2024

САД го проширија обвинението против Асанж, одбраната изненадена

САД го проширија обвинението против Асанж, одбраната изненадена
Вашингтон, 29 јуни 2020 (МИА) - Адвокатот на Џулијан Асанж изјави дека е изненаден од фактот оти властите на САД минатата недела издале ново проширено обвинение против основачот на Викиликс. Американското Министерство за правда издаде обвинение против Асанж, кој се товари дека извршил 18 кривични дела, а кое опфаќа и заговор за хакирање сајтови на државни институции и шпионажа. САД минатата година започнаа процес за екстрадирање на основачот на Викиликс, кој по речиси седум години поминати во Амбасадата на Еквадор во Лондон беше префрлен во затвор во британскиот главен град. Минатата недела е издадено ново обвинение против Асанж, во кое тој се товари за нови кривични дела, но во кое е проширена „целта на заговорот“, која сега вклучува и обвиненија за регрутирање хакери. Сослушувањето за екстрадиција на Асанж почна во февруари, но прекина поради пандемијата на Ковид-19, и повторно е закажано за 7 септември. гт/

Остани поврзан