Садр повика на големи демонстрации во Ирак против САД
- Ирачкиот шиитски лидер Моктада Садр денеска повика на големи демонстрации поради американското присуство во Ирак

Багдад, 14 јанаури 2020 (МИА) – Ирачкиот шиитски лидер Моктада Садр денеска повика на големи демонстрации поради американското присуство во Ирак.
- Ирачкото небо и неговиот суверенитет го кршат окупациски сили, напиша Садр на Твитер алудирајќи на неодамнешното убиство со дрон на иранскиот генерал Касим Сулејмани и на вториот човек на ирачките сили Хашад ал Шаби, Абу Махди ал Мохандис во Багдад.
Садр во пораката на Твитер повикува на „ирачки револт“ и нСАДа „мирни демонстрации на милиони луѓе против присуството на Американците“. Но, тој не го објави датумот на собирот.
Неговиот повик е упатен во време кога во Ирак се одржуваат демонстрации, што почнаа во октомври против ирачките власти, обвинувајќи ги дека се неспособни и корумпирани и против растечкото влијание на Иран.
По убиството на Сулејмани и Мохандис демонстрантите исто така ги осудуваат САД дека ќе го одведат Ирак во хаос.
Ирачкиот Парламент на 5 јануари побара американските трупи да го напуштат Ирак, а проиранските фракции ги нарекоа американските војници окупациски сили. ми/