• вторник, 26 ноември 2024

Садр победник на ирачките парламентарни избори

Садр победник на ирачките парламентарни избори
Багдад, 12 октомври 2021 (МИА) – Партијата на шиитскиот свештеник Моктада ал Садр освои најголем број мандати на ирачките парламентарни избори, додека партијата на поранешниот ирачки премиер Нури ал Малики ќе биде втора по големина шиитска партија. Шиитските партии доминираат во ирачките влади од американската инвазија во 2003 година, кога е соборен диктаторот Садам Хусеин, во чии влади имаше повеќе сунити. Според првичните резултати од изборите со рекордно ниска излезност ал Садр освои повеќе од 70 мандати, со што ќе има значително влијание во формирањето на влада. Неговата коалиција на минатите избори имаше 54 пратенички места. Ал Садр е против странското мешање во Ирак, а во 2003 година подигна востание. Тој често престојува во Иран. ми/

Остани поврзан