• вторник, 24 декември 2024

Рјабков: Предлогот на Трамп за проширен самит на Г7 е интересен за Русија

Рјабков: Предлогот на Трамп за проширен самит на Г7 е интересен за Русија
Москва, 26 јуни 2020 (МИА) - Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да се одржи проширен самит на групата Г7, на кој ќе учествуваат Русија, Австралија, Индија и Јужна Кореја, е интересен за Москва, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во интервју за агенцијата ТАСС. Рјабков рече дека Русија генерално верува дека форматот Г7 е застарен и дека не ја одразува рамнотежата на силите на меѓународната сцена. - Верувам дека Г7, како што беше претставено од американската страна, одразува еднострано гледање на проблемите, само затоа што Кина не е меѓу оние што се поканети во таа група, рече Рјабков. Белата куќа на 30 мај соопшти дека Трамп го одложи самитот на Г7 до септември, планирајќи да ги покани и Русија, Јужна Кореја, Австралија и Индија да присуствуваат на настанот. Канада и Велика Британија се спротивставија на иницијативата за влез на Русија во Г7, додека Јужна Кореја и Австралија ја прифатија поканата на американскиот лидер. паг/  

Остани поврзан