• вторник, 26 ноември 2024

Руски парламентарци бараат од Путин да ги признае сепаратистичките области во Украина

Руски парламентарци бараат од Путин да ги признае сепаратистичките области во Украина

Москва, 20 јануари 2022 (МИА) - Руските парламентарци апелираа до Думата да побара од претседателот Владимир Путин да ги признае проруските сепаратистички области во источна Украина како независни држави, додека Украина и Западот стравуваат од руска инвазија на Украина.

Поради акумулацијата на војници долж границата со Украина, многумина стравуваат од можен руски напад. Русија го анектира Крим во 2014 година и ги поддржува проруските сепаратисти во источна Украина кои војуваат со украинската армија од 2014 година.
Во предлогот за резолуција од 11 пратеници, вклучително и претседателот на Комунистичката партија Генадиј Зјуганов, се вели дека Русија треба официјално да ги признае двете самопрогласени републики како независни држави за да ги заштити жителите од надворешни закани.
„Ви се обраќаме со барање да го разгледате признавањето на Народна Република Донецк и Народна Република Луганск како самостојни, суверени и независни држави“, се вели во предлог-резолуцијата. Русија им дозволува на жителите на областите под контрола на сепаратистите да аплицираат за руско државјанство по забрзана процедура. паг/
 
 

Остани поврзан