• понеделник, 09 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје

Руски напади со дронови врз Харков и Запорожје

Киев, 19 април 2025 (МИА) – Руските сили извршија нови напади со дронови врз источниот украински град Харков во текот на ноќта, насочени кон станбени области, соопшти денеска градоначалникот Ихор Терехов.

ДПА пренесува дека нема други дополнителни детали.

Нападот дојде само еден ден по рускиот ракетен напад врз градот во кој загина еден човек, а повредени беа најмалку 50 други.

И градот Запорожје ноќеска бил погоден од руски дрон. Регионалниот гувернер Иван Федоров го пријави нападот на Телеграм, велејќи дека избувнал пожар и оти интервенирале службите за итни случаи. јт/

Фото: Федоров на Телеграм

Остани поврзан