Руски адвокат доби седум години затвор затоа што зборувал против војната во Украина
- Судот во Русија денеска го осуди адвокатот Дмитриј Талантов на седум години затвор поради објава против војната во Украина на социјалните мрежи, соопшти денеска руската група за човекови права.
Талин, 28 ноември 2024 (МИА) - Судот во Русија денеска го осуди адвокатот Дмитриј Талантов на седум години затвор поради објава против војната во Украина на социјалните мрежи, соопшти денеска руската група за човекови права.
ОВД-Инфо, руска група за човекови права која ги следи политичките апсења и обезбедува правна помош, денеска објави дека Талантов е обвинет за поттикнување омраза и „ширење лажни информации“ за војската поради неколку објави на социјалните мрежи со кои се осудува рускиот напад на Украина.
Талантов, кој некогаш претседаваше со регионална адвокатска комора во републиката Удмуртија, е еден од десетиците Руси уапсени според законот донесен нешто повеќе од една недела по инвазијата на Украина во февруари 2022 година, со која се забранува секое јавно изразување за војната што отстапува од официјалната наратив.
Тој беше уапсен во јуни 2022 година и помина повеќе од две години зад решетки, иако ги негира сите обвинувања против него.
Талантов, исто така, беше дел од тимот што го бранеше поранешниот новинар Иван Сафронов, кој беше обвинет за предавство во случај кој нашироко се смета за одмазда за неговото известување за разоткривање воени инциденти и матни зделки со оружје.
Сафронов беше осуден во септември 2022 година и осуден на 22 години затвор. паг/
Фото: МИА архива