• сабота, 23 ноември 2024

Руските трупи ја презедоа контролата врз селото Загорноје во областа Запорожје

Руските трупи ја презедоа контролата врз селото Загорноје во областа Запорожје

Москва, 16 јуни 2024 (МИА - Руските војници ја презедоа контролата врз селото Загорноје во областа Запорожје, соопшти прес-службата на руското Министерство за одбрана.

-Единиците на оперативната група „Исток“ го ослободија селото Загорноје во регионот Запорожје и зазедоа поповолни борбени позиции, се наведува во извештајот, додавајќи дека воената формација го уништила персоналот и опремата на 58-та моторизирана пешадиска бригада на вооружените сили на Украина, 123-та одбранбена бригада и 15-та бригада на Националната гарда на Украина во областите Новоселковка (Регион Запорожје), Урожин и Владимировка (ДПР), пренесуваат руските медиуми.

На овој дел од фронтот, 135 припадници на вооружените сили на Украина, едно оклопно борбено возило, два британски топа - самоодни артилериски пиштоли АС-90 Бравхарт и хаубица ФХ-70, како и две станици за електронско војување Буковел-АД биле исфрлени.

Загорноје е четвртата населба над која руските трупи ја презедоа контролата оваа недела. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан