• понеделник, 06 јануари 2025

Руска ФСБ: Во Екатеринбург спречен терористички напад, приведени четворица руски државјани

Руска ФСБ: Во Екатеринбург спречен терористички напад, приведени четворица руски државјани

Москва, 4 јануари 2025 (МИА) - Федералната служба за безбедност на Русија денеска соопшти дека привела четворица руски државјани кои планирале да извршат терористички напад на местата каде има масовно собирање граѓани во градот Екатеринбург.

„Федералната служба за безбедност на Руската Федерација приведе четворица руски државјани, родени во 2007 и 2008 година, кои ги споделуваат идеите за терористичка организација забранета на територијата на Русија и кои планирале да извршат терористички акт користејќи импровизирана експлозивна направа на места за масовно собирање граѓани во градот Екатеринбург“, се наведува во соопштение од службата.

Се посочува дека двајцата уапсени учествувале и во палење на службениот автомобил на Главната управа на Министерството за внатрешни работи на Русија за регионот Свердловск. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан